Снегот стигна и на Балканот, „побеле“ и Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па првиот снег падна и во Словенија, во местото Кредарица.

Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).

Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај тоа не се очекуваат поголеми проблеми.

Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку што обично паѓа во текот на целото лето.

За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а на места и стотина.