Снежна бура во Русија, замрзнати автомобили, цел град остана без греење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фотографии од замрзнати улици и автомобили во рускиот град Владивосток го шокираа Светот. Поради снежните бури, снежен бран го погоди истокот на Русија во четвртокот.

Властите во градот, кој се наоѓа на крајниот исток од земјата, мораа да ја затворат електраната, со што речиси целиот град остана без греење на студеното време. Дел од градот немаше и струја.

Температурите во Владивосток во овие денови се спуштија до деветиот степен под нулата, а утре се очекува уште постуден ден, и температури до -11.