Снежна покривка: 32см на Попова Шапка, 20см во Битола – вечерва нов снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 32 Попова Шапка, 20 Битола, 8 Крушево, 7 Маврови Анови, 6 Охрид, 5 Претор, Ѓуриште, 2 Крива Паланка, 1 Пожаране.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 2 Битола, Струмица, 1 Берово.

Времето денес (17.01.2021 год.): Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места ќе провејува снег, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Попладне брзината на ветерот значително ќе се намали и ќе биде од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4°C.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Т = 0 °C, P = 979 hPa, U = 55 %, V = 3 m/s