Снопче ја прашува ДУИ: Со кого ќе формирате Влада? – Османи: Народот ќе одлучи кој ќе ги претставува во Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коалицијата ВРЕДИ бара од ЕФ да се произнесе со кого ќе коалиционира во идната влада. Кандидатот за пратеник од оваа коалиција, Халил Снопче, изјави дека ДУИ не може да промовира „Европски Фронт“ со старата гарда на Груевски. Според него, ДУИ од едната страна ја критикува ВМРО, а од друга страна ја моли.

Следната влада ќе ја состави тие кои ќе имаат 61 пратеник, затоа ја прашувам ДУИ со која партија ќе формира влада. Според резултатите на 24 април, доколку ги претвориме во мандати, СДСМ ќе добие 24 пратеника. Максим Димитиревски рече дека никогаш нема да биде дел од Влада во која е ДУИ. Сите Албанци да се обединат плус 24 пратеници на СДСМ, не може да се формира Влада. Тоа значи дека ДУИ може да формира Влада само со ВРМО-ДПМНЕ, а од друга страна ВМРО јасно рече дека нема место за ДУИ во идната влада“, вели Халил Снопче.

Од друга страна, Бујар Османи од Европскиот фронт рече дека ВМРО може да ја земе ВРЕДИ само во нивната коалиција наречена „Македонија повторно твоја“, а за тоа кој ќе ги застапува Албанците во Владата вели дека народот ќе одлучи на избори.

Албанските партии како услов за формирање Влада ги поставија уставните измени. Кој и како ќе се договорисо ВМРО-ДПМНЕ останува да дознаеме после изборите, кога ќе се знае и бројот на мандатите.