Во Собранието денеска на првата конститутивна седница се гласаше избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија.
Вкупно гласаа 117 пратеници. „За“ гласаа 115 пратеници, „Против“ нема, „Воздржани“ двајца пратеници.
За претседател на Верификационата комисија на Собранието е избрана Јагода Шахпаска, а за членови се избрани пратениците Изет Меџити, Благица Ласовска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шахини.
Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери го повика претседателот веднаш да свика седница на која комисијата ќе го разгледа извештајот на Државната изборна комисија за спроведените парламентарни избори одржани на 15 јуни.
