Со авион доаѓаат првите, а последно нарачани вакцини од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со авион кој треба да слета по 14 часот на аеродромот во Скопје, ќе пристигне првата пратка на вакцини кои земјава последни ги нарача.

„Од руската компанија ги добивме сите административни дозволи, и дозволите да се стави во употреба. Многу веројатно во среда ќе започне вакцинацијата, а пратката утре треба да пристигне на скопскиот аеродром околу 14 часот.“, рече вчера Филипче.

Станува збор за 200 илјади вакцини кои беа нарачани од Русија.