Со „Бентли“ на плоштад, возачот казнет само со 45 евра, денеска на истото место полицајци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако е забрането, со автомобил Бентли влезе на плоштадот. Од снимките можеше да се забележи дека граѓаните кои дошле да ја видат предновогодишната атмосфера, мораа да се тргаат за автомобилот да помине. Веднаш потоа возачот е идентификува, а полицијата го казнила со 45 евра за сторен сообраќаен прекршок.

Налогот за напишаната казна го објави и градоначалникто на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи. Денеска Шилегов, рече дека казната од 45 евра е почетна.

Реагираше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но според него казната од 45 евра не е доволна.

Во текот на денешниот ден на местото каде автомобилот Бентли влезе на плоштад, имаше полицајци и се поставени столпчиња за да не влегуваат автомобили.

Инаку на Улица Македонија постојано поминуваат автомобили. Властите порано велеа дека ќе се постави електрична рампа, но такво нешто се уште не се случи.