Со БМВ по велосипедска патека! Полицијата го пронашла преку тик-ток, му го одзела автомобилот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возачот со неговиот автомобил БМВ-то не сакал да чека во колоната. Па се одлужил да вози по велосипедска патека на булеварот “8 Сепетември“.  Дури и одличил да се пофали на социјалната мрежа Тик-Ток со наслов “Имаше колона, а?“

3 месеци по објавувањето на видеото на Тик-Ток, 24 годишниот возач е казнет, откако некој граѓанин го пријавил случајот во полиција. Казнет е со 50 евра а полицијата му го одзела автомобилот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека полицијата ги засилила активностите за пронаоѓање на оние кои го кршат законот и на социјалните мрежи. Во меѓувреме упатен е паел до граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во полиција.

Спасовски исто така рече дека важен е начинот како се идентификуваат лицата кои го кршат законот, но поважно е истите да бидат казнети.

Инаку минатата недела автомобил марка Бентли помина низ плоштадот во Скопје. Возачот беше казнет со 45 евра. За цената на казната зборуваше и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, возачот кој помина низ велосипедската патека го нарече “Фраерот од Тик – Ток“.

Инаку само вчера на територија на Град Скопје изречени се вкупно 288 казни од кои 32 се за непоседување возачка дозвола, 21 мерка е изречена за нерегистрирани автомобили и исто толку за автомобили кои технички не биле исправни, а 7 санкции се изречени за употреба на мобилен телефон при возење, 49 мерки за непрописно паркирани автомобили и 27 санкции за неносење заштитна маска.