СО ПОМОШ НА ЕДЕН ЗЕЛЕНЧУК ЌЕ ДОБИЕТЕ СОВРШЕНА ТИРКИЗНА БОЈА ЗА ЈАЈЦА: Сосема природен начин без капка хемија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еве како природно да ги обоите јајцата во тиркизна боја.

Тиркизната боја е најтешко да се добие, а ако сте ги пробале сите начини за бојадисување јајца во оваа нијанса и не сте успеале, време е да го испробате овој целосно природен метод на боење. Велигденските јајца можете да ги обоите со виолетова зелка и да добиете уникатна боја.

За 10 јајца ви требаат:

1 главица црвена зелка
4 супени лажици алкохолен оцет

Подготовка:

Црвената зелка исечкајте ја. Во тенџерето истурете 5 шолји вода и додадете ја исечканата зелка, па оставете да се вари 30 до 45 минути. Оставете ја зелката целосно да се излади, а потоа извадете ја од водата. Додадете 4 лажици алкохолен оцет во водата во која се варела зелката и имате боја за боење јајца. Јајцата ставете ги во длабока тава или плех, важно е да се одвоени, а потоа покријте ги со добиената боја. Ако сакате посветла боја, извадете ги јајцата по еден час, а ако сакате светла тиркизна боја, оставете ги да отстојат во бојата 2 часа. Јајцата треба да ги вртите од другата страна на секои половина час за да биде изедначена бојата.

Отпрвин ќе добиете виолетова боја, но не грижете се, магијата се случува дури подоцна и кога ќе ги извадите јајцата од боја, ќе се изненадите од прекрасната тиркизна боја. По желба можете со ластик да ги врзете јајцата за теглите, за да добиете интересни дезени. Како изгледа целата процедура погледнете во видеото.