Од Собранието информираат дека седницата за формирање на работните тела на Парламентот, ќе биде свикана од страна на претседателот Талат Џафери во оној момент кога политичките партии ќе достават предлог.
„Претседателот Џафери ќе ја свика седницата за формирање на работните тела на Собранието во моментов кога политичките партии ќе достават предлог, до овој момент таков предлог не е доставен од ниту една партија. Штом истиот ќе биде доставен, претседателот може да свика седница“, се вели во соопштението од Собранието.
