Собранието донесе одлука: Маската на отворено станува задолжителна!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за моменталната состојба со коронавирусот во Македонија заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести.

Измените на законот беа донесени со 53 гласови ЗА, 26 воздржани, а немаше пратеници кои гласаа против.

Ова значи дека со претходно предложените мерки, носењето маски на отворено станува задолжително, веднаш штом измените ќе бидат објавени во службен весник.

Мерката за контрола во домовите, односно забраната за доаѓање повеќе од 4 години во стан или куќа беше претходно повлечена.