Собранието не го донесе дневниот ред за новата 34 седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието не го усвои дневниот ред за новата 34-та седница. За седницата беа предложени 66 точки. Во меѓувреме беше повлечен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, поднесен од група пратеници, бидејќи претставниците на средното образование постигнале согласност за бараните услови.

Повлечен беше и Предлог законот за измени на Законот за ментално здравје. На седницата не беше прифатен Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за тутун, поднесен од опозицијата.

По предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во процедурално барање, претседателот на Собранието, Талат Џафери даде еден час пауза.

Мицковски процедурално реагираше, зошто претседателот Џафери му дал збор на премиерот Заев, кој е присутен на седницата.

-Се јавив прв за збор. Сега ми кажувате дека предност има премиерот. Тој има право како предлагач да зборува. Но, дајте да ги почитуваме правилата, рече Мицевски.