Софијанова: „Витамините не го спречуваат вирусот, но го јакнат имунитетот за полесно да го помине вирусот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако некои користат витамини против вирусот, сепак, проф. д-р Аспазија Софијанова во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека витамините нема да помогнат во спречување на вирусот, но дека ќе придонесат да се зајакне имунитетот.

Таа ги истакна витаминот Д3 и цинкот како корисни за јакнење на имунитетот, и истакна дека ги препишуваат како дел од терапија.

„Не, витамините нема да го спречат вирусот, но ќе придонесат за јакнење на имунитетот, а тоа би значело ако се добие вирусот, полесно да се препроди со оглед на силниот имунитет. Нашиот имунитет добро ги стимулира витаминот Д3 и цинк, па дури на некој начин се ставени во протокол за лекување“, рече Софијанова.