Сојлу: „По земјотресот во Иран, во Ван загинаа 7 наши граѓани”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Според информациите што ги добивме, во овој земјотрес загинаа вкупно 7 наши граѓани, од кои 3 деца и 4 возрасни”, истакна Сојлу.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакна дека според првичните информации, седум турски граѓани загинале во подрачјето на Башкале во Ван, каде што беше почувствуван земјотресот што се случи во иранскиот град Хој, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сојлу на прес-конференција во Координативниот центар на Дирекцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) во Елазиг потсети дека земјотрес со јачина од 5,9 степени се случи во иранскиот град Хој.

Тој инфомираше дека иранскиот градот Хој се наоѓа на границата со Турција, близу Хакќари и подрачјето на Башкале во Ван.

Според него, за овој случај го информирал и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сојлу нагласи дека на местото на настанот биле упатени надлежни тимови, меѓу кои и АФАД.

Тој рече дека добиле информации оти има луѓе заглавени под урнатините во некои села.

„Според информациите што ги добивме, во овој земјотрес загинаа вкупно 7 наши граѓани, од кои 3 деца и 4 возрасни. Од Бога посакувам милост за загинатите“, додаде Сојлу.

„Пет наши граѓани се повредени и пренесени во болница. Продолжуваат операциите за пребарување и спасување“, истакна Сојлу.