Сојузот на Бошњаците цели кон Скопје и Чаир – ги објавија кандидатите и советничката листа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На трката за Град Скопје и се придружува уште еден кандидат! Мунир Колашинец од Демократскиот сојуз на Бошњаците ќе се трка за столчето за прв човек на метрополата.

Одлуката ДСБ да настапи самостојно, без да коалицира со друга партија, била едногласна на Централниот одбор додавајќи дека целта е да донесат нова енергија во општините каде што имаат кандидати.

Освен за Град Скопје тие ќе имаат кандидати и за други градови, а ќе излезат и со советничка листа.

Демократскиот сојуз на Бошњаците ветува дека ќе се фокусираат на животната средина, ќе инвестираат во младите, ќе воспостават ред во сообраќајот итн.. Инаку ДСБ во моментов е дел од владината коалиција.