Сојузот на средношколци против штрајкот – СОНК и Владата не постигнаа договор за покачување на платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците не се против покачувањето на платите на наставниците, но се против штрајкот. Велат дека наставниците, родителите и Владата треба да работат на градење солидарност.

Сега за сега нема никаков договор од преговорите меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Владата за покачување на платите во образование. Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, се надева дека институциите на крај ќе прифатат платите на наставниците првично да се зголемат за 18,4%, а потоа другото зголемување на биде скалесто.  Доколку до 11 април нема договор, наставниците ќе ја бојкотираат наставата.

Синоќа претставниците на СОНК се сретнаа со министерот за образование, за финансии и министерката за труд и социјална политика. Министерката Јованка Тренчевска, рече дека секој има легитимно право да протестира, но додава дека според Уставот процесот за згрижување на деца не смее да биде прекинат. Најавува казни доколку воспитувачите одбијат да ги примат децата во градинка.