Сончевата геомагнетна бура што ја погоди Земјата се очекува да се засили

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончевата геомагнетна бура што ја погоди Земјата се очекува да се засили вечерва, објави Earth.com.

Сајтот наведува дека во текот на изминатите два дена имало нарушувања во снабдувањето со електрична енергија, високофреквентни комуникации, како и прекини во ГПС и проблеми со сателитската навигација.

Аурора бореалис повторно ќе биде видлива вечерва над поголемиот дел од континенталниот дел на САД.