Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Минималните температури ќе се движат од 10 до 15, а максималната температура ќе достигне 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура 15 степени, максимална 32 степени.
