Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
