Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат постудени и со температури и во минус во одредени делови од земјата.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
