Сончево со слаб ветер, температури до 26 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.