„Сонот на Европа се протега на Западен Балкан“ – Фон дер Лајен доби поддршка од само 54% од европратениците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставниците на Европскиот парламент со нешто повеќе од половина од мнозинството гласови или 54% ја избраа новата Европска комисија предводена по втор пат од Урсула фон дер Лајен, која ќе ја преземе функцијата на 1 декември. По одобрението од Европската комисија, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го потпиша писмото со кое го потврдува изборот и го достави до Фон дер Лајен. Новата Европска комисија се состои од 27 членови – по еден од секоја земја-членка на ЕУ – претседателот и 6 потпретседатели и 20 европски комесари.

„Сонот за Европа се протега на Западен Балкан, Украина, Молдавија и пошироко. Ја видовме храброста на народот на Украина во продолжувањето на своето европско патување. Ја видовме издржливоста на народот на Молдавија да ја задржи својата европска иднина. Ја видовме посветеноста на Западен Балкан за реформи, раст и подготовка за влез во нашата Унија. Во исто време, видовме како Русија нема да застане пред ништо за да ги спречи да имаат европска иднина. Но, драги членки, посветеноста на Европа кон овие земји секогаш ќе биде се посилна. Да нема сомнеж, ние ја сакаме Украина како дел од Европската унија“, вели Урсула фон дер Лајен.

„Не верувам дека можат да поминат уставни измени со одложено дејство, но легитимни се барањата на владата на РСМ да има гаранции или догледна иднина. Мора да се обезбеди измена на Уставот, но и да нема дополнителни барања од Бугарија, а во оваа насока и Европскиот парламент е со Северна Македонија, рече австрискиот европратеник Вајц“, вели репортерката на ТВ21.

„Потребна ни е правна гаранција од бугарска страна дека откако нивното главно барање за да ги вклучи бугарските малцинства во Уставот, Бугарија нема да излезе со друго барање, потребно ни е правно барање. И мислам дека тука ЕУ стои на иста страна како и Северна Македонија. Кое е вистинското решение се уште не можам да кажам, решението се прави со разговор со луѓе, уште немаме нова комисија и Бугарија сè уште нема Влада. Рано е да ви дадам сериозен одговор“, вели Томас Вајц.

„На средбите што ги одржавме овие два дена во Европскиот парламент во Стразбур, Франција, слушнавме позитивни пораки, а со позитивни тонови за патот на Северна Македонија кон ЕУ зборуваа високи претставници и европратеници, но пораката беше јасна. „Не постои ЕУ за Северна Македонија без уставни измени“. Алмедина Исмајли, Стразбур“, вели репортерот на ТВ21.