Сообраќајка во Кондово, 2 ученици завршија во болница, Спасовски жртвите од сообраќајните незгоди ги гледа како бројки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во селото Кондово кај медресата околу 13.30 часот се случи несреќа во која учествуваа три возила. Како резултат на тешката несреќа беа повредени 2 ученици кои враќајќи се од училиште оделе по тротоарот. Тие се префрлени во Градската болница.

Несреќата се случила во 13:30, а полицијата на местото на настанот дојде во 14:50.


Деновиве беа регистрирани и други сообраќајни незгоди, но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека откако застанал на чело на МВР бројот на жртвите во сообраќајки е намален.


Пред неколку дена една девојка го загуби животот на пешачки премин кај ТЦ „Сити Мол“, а трагично настрада и еден маж поминувајќи улица кај мостот „Гоце Делчев“.