Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на обиколницата во Скопје, во близина на Стајковци, каде што биле вклучени два камиони од марките „MAN“ и „Mercedes“ со скопски таблички, како и автомобил „Mitsubishi“ со романски таблички.
На местото на настанот излегле полицијата и екипи на Итната медицинска помош.
Според соопштението на МВР, не се пријавени загинати ниту повредени лица.
Инцидентот привремено предизвикал долги колони, по што сообраќајот на овој дел, конкретно кај јазолот Радишани, бил пренасочен кон локалниот пат Бутел–Љуботен.
Надлежните институции вршат увид за утврдување на причините за инцидентот и апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
