Сообраќајна незгода меѓу возило и електричен тротинет во Пинтија – едно лице тешко повредено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 24.05.2021 околу 18,30 часот на крстосница од ул.Саса и ул.Јабланица во населба Пинтија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје и електричен тротинет „хамачи“ управуван од малолетник од Скопје.

По незгодата малолетникот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.