Сообраќајна незгода на локалниот пат с.Долна Бањица-с.Митрови Крст – две лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 05.05.2021 во 13.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Долна Бањица-с.Митрови Крст, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(28) од с.Долна Бањица, излетало од коловозот.

Во незгодата сопатничката С.А.(18) од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.