Сообраќајна незгода во Прилеп – возило удрило во малолетен пешак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22.05.2021 во 17.10 часот во Прилеп на ул.„Беровска“, патничко моторно возило „лада рива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.У.(23) од Прилеп удрило во малолетник-пешак од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот на кој му е укажана лекарска помош во Општата болница-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.