Сопственик на објект за видео игри во Куманово заработи кривична пријава – работел по дозволеното време

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во 00.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека во објект за видео игри на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитувале здравстените прописи за време на епидемија.

Полициските службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во објектот биле затекнати 15 лица и еден вработен.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.