Турската полиција во текот на вчерашниот ден го уапси македонскиот државјанин, Бобан Томовски, кој се смета за десна рака на шефот на подземјето, Седат Пекер, кој пак, пред неколку месеци престојуваше во Северна Македонија. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека се преземаат потребните мерки за екстрадирање на Томовски.
Како што вели Спасовски, турските власти сѐ уште не контактирале со нашето МВР.
Според медиумските написи, Томовски бил близок соработник на турскиот бизнисмен Седат Пекер, кој наводно во моментов е во бегство во Обединетите Арапски Емирати. Томовски е лишен од слобода на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул.
