Советот за безбедност на ОН заседава во понеделник на вонредна седница откако сириските бунтовници прогласија соборување на претседателот Башар ал Асад и ја презедоа контролата врз Дамаск.
Средбата, по барање на Русија, ќе се одржи зад затворени врати, изјавија за ДПА дипломатски извори.
Сиријците се соочија со нова политичка реалност во неделата откако бунтовниците го зазедоа главниот град Дамаск, ставајќи крај на режимот на Ал Асад, кој побегна во Москва.
Бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичката Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија кон крајот на ноември, а потоа брзо ја зазеде територијата од про-Асад силите додека се движеа кон Дамаск.
