Состојбата со големата кашлица не е стабилна, изјави претседателот на КЗБ Александар Петличковски велејќи дека во ваква состојба се наоѓаме поради неодговорното оденсување на многу граѓани и слабата имунизација со вакцината Дитепер. Следниве денови се очекува КЗБ да предложи и построги мерки, зависно од состојбата со епидемијата.
Претседателката на Комитетот за имунизација појасни дека децата кои примиле три дози од вакцината против голема кашлица, можат да одат во градинка, под услов по 6 месеци да се ревакцинираат.
Од комисијата велат дека ќе апелираат до градинките да вршат интензивна контрола на картоните како и контрола за вакцината против сипаници, за да се спречи евентуално ширење на сипаници. Според КЗБ вакцината против сипаници моѓе да ја прими секое дете кое ќе се ревакцинира со Дитепер на возраст од 18 месеци. Нема никаков проблем да се примат двете вакцини одеднаш.
