Состојбата со водата во Гостивар, Клековски: Министерството за здравство нема криено информации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Во ниту еден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар“, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

„Јас бев првиот кој во саботата информираше дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспарентно да ги објавуваме податоците, бидејќи немаме што да криеме“, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Првата официјална информација за состојбата во Гостивар пристигнала во Министерството за здравство во петокот во 13 часот.

Според него, досега се регистрирани околу 3.100 здравствени контакти од здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош.

Првиот лекарски преглед бил извршен на 14 јули, додека на 19 јули за првпат било забележано намалување на бројот на нови приеми.

Клековски информираше дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која треба да излезе со соодветни препораки.