Состојбата во изолираниот Дебар, засилена лекарска екипа – „Нема потреба од паника“, вели градоначалникот на Дука

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Секоја активност во Дебар е во координација со Владата и Центарот за управување со Кризи.

Освен забраната за влез и излез од Дебар, другите мерки се домашна изолација и надзор на оние кои се сомнителни дека имаат вирус. Според Дука, епидемиолошките служби постојано се на терен за дијагностифицирање и грижа за граѓаните.

„Лекарските екипи се засилени и со лекари од клиничките центри. Денеска ќе дојде и професор инфектолог како и еден експерт по епидемиологија. Во нашиот град имаме двајца инфектолози и еден епидемиолог“, додава Дука.

Во болницата во Дебар е отворен центар каде може да се обратат сите граѓани кои се сомневаат дека имаат симптоми на вирусот рече градоначалникот. На граѓаните во изолација им помага Црвениот крст. Дука исто така вели дека продавниците и аптеките се снабдуваат постојано без пречки затоа нема потреба од панично купување производи.

Новинарката Делвина Керлуку за ТВ21 раскажува како го поминува времето во изолација во нејзиниот град Дебар.

„Тој ден кога дојдов имаше полиција по улиците, не застанаа и ни рекоа доколку влезете во оваа зона не можете да се вратите. Тоа ни предизвика стрес, во моментов сме изолирани, сите се изолирани во своите домови. Во градот речиси и да нема пешаци, ретко може да излезат заради лични потреби, особено за храна“, вели за ТВ21 новинарката Делвина Керлуку која се наоѓа во Дебар.

Дебар и Центар Жупа се во изолација два дена поради големиот број на заразени со коронавирус во овие две општини. Не се дозволува влез и излез од градот. Управата за заштита и спасување ги дезинфицира автомобилите кои влегуваат и излегуваат од Дебар.