Социјалдемократот пее за „Космет“ – Заев го осуди Богдановиќ, Дедај го нарече сонувач екстремист!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Освен тоа што Република Косово ја нарекува „Космет“, кратенка од името Косово и Метохија која ја користи Србија, дури и пееше за српските херои кои се бореле во средниот век.

Станува збор за градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој минатата недела се венчаше во Грачаница, Косово. Богдановиќ доаѓа од редовите на СДСМ, партија која на последните два изборни циклуса доби илјадници албански гласови во Македонија.

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев се оградува од Богдановиќ, осудувајќи секаков вид провокација или порака за иредентизам кој би повредил нечии чувства.

Реакција и од амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај. Тој за ТВ21 рече дека однесувањето на градоначалникот на Центар на приватна церемонија во Грачаница, е неприфатливо,  провокативното, кое можеби е последица на дејството на алкохол.

„И Богдановиќ како и целиот свет, знае дека Косово не е и никогаш нема да биде дел од Србија. Република Косово е слободна, демократска, европска, слободна и независна земја, која се стреми кон евроатланските интеграции и добрососедство со сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Србија. Соништата на Богдановиќ и српските екстремисти како него, се фрлени во канта за отпад и му припаѓаат на мрачното минато на Милошевиќ“, истакна Ѓерѓ Дедај.

Северна Македонија ја призна независноста на Косово првата година од нејзиното прогласување, на 9 октомври 2008 година.