Социјални или асоцијални мрежи!? „Со добро менаџирање, можат да се користат за позитивни работи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи во современото време се сметаат како дел од секојдневниот живот. Не многу често се третира темата дали овие мрежи се социјални или асоцијални, бидејќи често се злоупотребуваат за навреди, потценување и булизам. Коментирајќи го случајот во тетовска гинекологија, социологот, Хасан Јашари, вели дека би било добро социјалните мрежи да се користат за да се прикажат лошите услови во болницата.

„Ние постојано треба да гледаме од развојниот аспект, како да ги развиваме граѓанските перспективи, критични мислења за заштита на животната средина. Би било убаво да даваме примери како да ја заштитиме природата, како да се заштити човековото достоинство. Ние би биле задоволно доколку лекарите од тетовската болница би објавиле во Тик Ток во какви тешки услови работат, бидејќи навистина работат во тешки услови и да видиме како да ги подобриме тие услови.“, вели Јашари.

Според Јашари, говорот на омразата е последица на ниското образовно ниво на општеството, затоа поради тоа незнаење или недостиг на аргументи користат клевети и говор на омраза.

„Пред 2 години Собранието на Македонија донесе одлука за намалување на казните, но праксата покажува дека треба да се заострат казните. Да се прави разлика меѓу слобода на говорот и критиката, навредите, говорот на омразата, деградација. Тоа треба јасно да се дефинира. Не смеат луѓе без научни звање да се појават со две-три академски научни звања и да навредат секого, или како што вели народот да фрли камен в бунар“, рече Јашари.

Во Македонија не постои ограничување на бројот и содржината во социјалните мрежи, а самите социјални мрежи поставиле ограничувања што може, а што не не смее да се објави.