Во општина Струга се одржа првата седница на советот по прогласувањето на градоначалникот Мерко персона нон грата од страна на Стејт департментот на САД.
Советниците на АА, Беса, Алтернатива и ВМРО ја напуштија седницата, додека во име на стружани потпишаа изјава во која се вели дека се оградуваат од каква било постапка на Мерко и бараат тој веднаш да поднесе оставка. Но, ова барање не беше ставено на дневен ред.
„Процедурално побарав оваа изјава повторно да се стави на дневен ред или едноставно ние како советници да се оградиме бидејќи ние сме делегати на народот а народот е чист и дефинитивно мора да бидеме оградени и да покажеме чесноста и да ги покажеме нашите вистински цели. Такво нешто беше над-гласено од мнозинството на ДУИ и СДСМ, што беше причина сите од опозициските АА, Алтернатива, Беса и ВМРО заедно да ја напуштиме седницата.“, вели Нијази Цумкор, координатор на советниците на АА.
Оваа изјава ја поддржаа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои освен што бараат одговорност од Мерко, бараат и оние советници кои гласале за незаконските одлуки на градоначалникот да одговараат.
Во соопштението се наведува дека граѓаните на општина Струга преку советниците на општината бараат надлежните и законодавните институции што поскоро да започнат истрага за тврдењата на американскиот Стејт Департмент, а одговорниот , а не граѓаните на општина Струга, да одговараа.
