Министерот за земјоделство Лупчо Николовски вели дека целта е да се создадат 2000 мали производители на храна, кои би користеле субвенции и грантови, како производители на традиционална храна или кои би продавале од нивните фарми.
Тој рече дека во овој кризен период имаат за цел да го зголемат домашното производство на храна.
Николовски рече дека пред само неколку недели се доделени околу 30 милиони евра субвенции за земјоделците, а се подготвуваат и субвенции за тутунопроизводителите.
Николовски рече дека овогодинешниот фокус е кај најголемите можности што ги дава ИПАРД 3 Програмата, за што рече дека Македонија е лидер во регионот и пример како треба да се користат европските фондови.
