СП 2026, три шеснаесетфинални пресметки вечерва и по полноќ: Шпанија – Австрија, Португалија – Хрватска, Швајцарија – Алжир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светското првенство 2026 продолжува со нови возбудувања во нокаут-фазата, а вечерва и по полноќ на програмата се три шеснааесетфинални натпревари, кои ќе ги дадат последните патници во следната рунда од шампионатот.

Први на терен ќе излезат репрезентациите на Шпанија и Австрија. Натпреварот започнува во 21:00 часот по македонско време, а Шпанците важат за фаворити по убедливите настапи во групната фаза, додека Австрија ќе се обиде да приреди изненадување.

По полноќ, од 01:00 часот, следува дербито меѓу Португалија и Хрватска. Двете селекции влегуваат во елиминацискиот дуел со амбиција да обезбедат место меѓу најдобрите 16 репрезентации на Мундијалот.

Последниот натпревар од денешната програма е закажан за 05:00 часот наутро, кога Швајцарија ќе се соочи со Алжир во уште една пресметка во која влогот е пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Победниците од овие три натпревари ќе обезбедат место во осминафиналето на Светското првенство и ќе го продолжат походот кон титулата светски шампион.