Спартак Москва му пиша на Меси на „Инстаграм“, но веднаш доби „корпа“ (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Спартак Москва од Русија, се пошегува на своја сметка со фотографија која ја објави на Твитер. Од тимот на Спартак му пишале на Меси, а овој веднаш ги „откачил“.

Пораката на Спартак гласела: „Здраво Лео“, а одговорот бил „Не“.

Меси сега може да преговара со друг клуб, откако на лето му истекува договорот со Барселона. Но, играчите чии договори истекуваат за шест месеци, имаат право да преговараат со други тимови, и ако се договорат од лето да пристапат.

Најсериозни кандидати за потписот на Меси се Манчестер Сити и ПСЖ.