Вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговаравме и за најавената реформа во образованието за „Родител 1“ и „Родител 2“.
Професор д-р Александар Спасеновски смета дека оваа реформа се подведува под авторитарност во спроведување на реформите, без притоа да се земат во предвид мислењата на „тивкото“ мнозинство кое остро реагира на овие прашања.
„Нашите деца, односно најголем дел од децата знаат за мајка и татко, и сметам дека тоа така треба да остане, но се разбира дека слободата на луѓето е ограничено со слободата на другите луѓе, не навлегувајќи во природната сфера на никого. Демократската држава им остава слобода луѓето во согласност со правните прописи и поредокот на државата да се однесуваат како што сакаат, меѓутоа немојте да влијаете остатокот луѓе кои што не се согласуваат со тоа. Оставете им го правото на избор, оставете им родителите да бидат мајка и татко на огромното мнозинство граѓани на оваа држава“, посочи Спасеновски.
Професорот д-р Петар Атанасов пак смета дека секое општество големите теми треба да ги прифаќа во фази.
„Иако гледаме дека скандинавските и северноевропските земји денеска имаат некакви резултати од воведување на сексуално образование во задолжителното и формалното образование. Ние сме конзервативно општество… Не може конзервативното општество преку ноќ да го претворите во нешто што не е, така што мора да се оди внимателно и во оваа тема, преку ноќ не може да носите закони и да промените нешто, ако тоа не ви е прифатено од самите граѓани, мора да го објасните. Новите генерации можеби полесно ќе разговараат и ќе прифатат некои од овие теми“, вели Атанасов.
Во продолжение целосните изјави:
