Проф. Д-р Александар Спасеновски, во емисијата Клик Плус на Тв21 посочи дека повеќе образование не би му пречело никому.
„Сметам дека треба да тргнеме од претпоставката дека повеќе образование или повеќе високо образование не му штети на никого, но тоа треба да е на принципиелни и здрави основи“, посочи проф. Д-р Александар Спасеновски во емисијата Клик Плус.
Тој додаде дека развојот на меѓусебните добро соседски односи е приоритет на секоја демократска држава.
„Овој тип на размена на соработка во култура, образованието влијаат позитивно на инфлација на лоши вести, односно обратно промоција на добри и позитивни вести“, додаде Спасеновски.
Инаку Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), доби близнак од Бугарија – универзитет со ист назив, кој доби одобрение од Владата да врши високообразовна дејност во Република Северна Македонија.
