Спасовски: 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека и 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам во вредност од 6.000 денари и платежна картичка во вредност од 3.000 денари.

„Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи. Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, посочи Спасовски.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на премиерот Спасовски за третиот пакет економски мерки

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на премиерот Спасовски за третиот пакет економски мерки

Gepostet von TV21 am Sonntag, 17. Mai 2020