Спасовски: Ќе беше добро Мизрахи да остане министер до крај, но нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и граѓаните!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Реплицирајќи и на Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Оливер Спасовски порача дека за него лично Мизрахи била одличен избори, но нејзиното однесување било неприфатливо.

Тој посочи дека нема да дозволи никој да ја загрозува иднината на земјата и граѓаните.

„Велите дека вистинската причина била зашто некој имал страв од Мизрахи. Лично, како политичар, за мене беше преубаво Мизрахи да остане до крај, да не се разреши и да продолжи со работата зашто СДСМ да бираше, немаше да избере ваков министер, но од аспект на државата не е прифатливо и нема да дозволам никој да ја загрозува иднината на земјата и на граѓаните“, истакна Спасовски.

Додаде и дека разговарал со Мизрахи, дека и дал шанса.

„Таа рече дека ќе демантира дека лошо била разбрана. Но, потоа даде демант во кој рече дека ќе плати 5.000 евра казна ама нема да ја смени таблата. Е затоа е предлогот за нејзино разрешување“, нагласи премиерот уште еднаш посочувајќи дека разрешувањето не е ниту поради тоа што Мизрахи е жена или Еврејка или дека верува во една, друга или трета вера.