Спасовски: МВР реагираше брзо за инцидентите со навивачите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги претстави досегашните активности за подобрување на материјално-техничките услови за работа на припадниците на полицијата од кои, како што потенцираше, зависи спроведувањето на законите и најави набавки на нови униформи, интервентни и теренски возила и друга опрема за полициските службеници.

„На секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, а интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кој е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен“ порача Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на прашање за инцидентите со навивачите групи, рече:

„МВР реагираше брзо за расчистување на случаите, сега на ред е обвинителството. Идентификувани се учесниците во овој немил настан. Покренавме кривични постапки, што значи дека сме решени дека нема да го толерираме говорот на омраза“, рече Спасовски.