Премиерот Оливер Спасовски рече дека олабавувањето на мерките, односно намалувањето на рестрикциите за ограничено движење, не треба да значи дека граѓаните треба да се опуштат.
„Мерките не треба да значи опуштање на граѓаните, туку напротив, намалувањето на мерките се зголемува нашата одговорност. Многу е важно секој од нас да ги почитува мерките. При секое излегување да се придржуваме до мерките за лична заштита. Да носиме маска, марама или шал, да држиме дистанца од 2 метри, и да не се групираме. Само така го штитиме нашето и јавното здравје“, рече Спасовски.
