Спасовски: Не сум за најстроги блокади, но ако стручните лица сметаат дека затворањето на Куманово ќе има резултат, ќе ја донесеме мерката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски од Куманово најави можно затворање на градот, само доколку стручните лица и епидемиолозите сметаат дека има потреба, и дека на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Јас не сум за најстроги блокади, но секако дека ќе дискутираме. Ќе ја разгледаме и можноста за затворање на Куманово. Ако епидемиолозите и стручните лица сметаат дека на тој начин е најдобар начин во спречувањето на ширењето на вирусот, ќе ја донесеме и таа мерка“, рече Спасовски кој направи компарација на карантинот во Дебар и во Куманово.

„Не може да се направи таква компарација. Дебар има 9 илјади жители, а Куманово 120 илјади, и тоа не е исто“, потенцираше Спасовски.