Спасовски: Не вперувам прст кон никого, можевме да го следиме Мијалков само со судска наредба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи истакна дека не вперува прст кон никого за случајот со Сашо Мијалков.

„Не вперувам прст кон никого, ниту кон обвинителство, ниту од СУД, Се уште не е оутврдено кај кого има вина. Јас реков дека еден од обвинителите уште во петокот му кажал на еден член на влада, значи еден од обвинителите, не тој што го води предметот. Секоја информација која е порвзана со кривично дело, треба да ја сподели. Ние таква информација првично добивме од јавниот обвинител, и побаравме веднаш да преземаме мерки.“, рече Спасовски.

На новинарско прашање како е можно Мијалков да се загуби од вид.

„За Сашо Мијалков немавме наредба за следење. Тоа може да се прави само со судска наредба. И никој во државата не може да биде следен. Затоа што незаконското следење носи вакви предмети како што е Таргет Тврдина. За него имаше полициско прикриено набљудување, во кое што кажува дека може да имаме полициско прикриено набљудување од јавни површини. Контактите се од јавни површини. Тука е одговорот“, рече Спасовски.