Оливер Спасовски, денеска ги коментираше информациите дека полицијата вршела притисок врз имамите да не клањаат намаз, по што следуваше реакција и од ИВЗ.
Исто така на техничкиот премиер му беше поставено и прашање дали е обратно, односно дали ИВЗ прави притисок врз полицијата.
„Едно да расчистиме, не е никој посилен од државата. Ниту било која верска заедница. Одлуките ги носиме сами без никакви притисоци од страна, и ќе ја донесеме најдобрата одлука за здравјето на граѓаните“, рече Спасовски на денешното обраќање пред Инфективната клиника во Скопје каде што пристигна донација.
Тој потврди дека денеска во 17 часот на најновата седница на Владата ќе биде донесена одлуката околу 58-часовниот карантин престојниот викенд.
