Спасовски од Тетово: Тука ништо нема инвестирано 20 години, фрлаа пари за бетон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски, техничкиот премиер денеска присуствуваше на почнувањето на градежните работи за спортски базен во Тетово. Тој се обрати на медиумите заедно со директорот на АМС, Дарко Каевски.

„Ова е голем ден, почнуваме важен проект за иднината на младите луѓе и спортот. Започнуваме проект на изградба на 14 затворени базени, проект на АМС и на Владата. Вложуваме во спортот. Горд сум што вложуваме во спортот преку ваучерскиот систем, воведовме физичко образование од прво одделение, тоа покажува за идеите и намерите. Им бладорам на сите кои овозможија овој проект да стартува“, рече Спасовски.

Тој додаде дека оваа влада ќе инвестира на сето она што им е потребно на граѓаните, наместо на бетон.

„Нема ништо инвестирано 20 години. Фрлаа пари за бетон и за проекти како Скопје 2014, а оваа влада инвестира во изградба на водовод и канализација онаму каде што нема“, рече Спасовски.