Спасовски: Правдата се изгуби во тевтерчињата – „Се менуваа закони за да не одговара Заев“, реплицираше Мисајловски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Носителот од СДСМ на изборните листи во втората изборна единица, Оливер Спасовски вели дека правда се изгубила во тевтерчињата, на што реплицираше и носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ дека се донесувале нови закони само за спас на Зоран Заев.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.